Повеќе од 35 години

Успешно работење и бренд лојалност

 

Како компанија која го има имплементирано квалитетното корпоративно управување, Кодинг е една од најуспешните компании во Македонија водена од едуциран и инвентивен кадар со јасна визија за иднината. Успешноста на нашата компанија се должи на активниот мониторинг, следење на последните маркетинг трендови, новите технолошки решенија, иновациите и постојаната едукација на вработените со цел да се задоволат потребите на потрошувачите.

Целта на компанијата е да биде маркет лидер  во државата и пошироко соединувајќи ги факторите за квалитет аспектите на животната средина и на човекот во еден интегриран систем на управување што се стреми кон одржлив економски успех и постојано подобрување на системите за квалитет и менаџмент. 

 

ОСНОВАЊЕ

Компанијата Кодинг е основана во 1987 година во секторот градежништво.

1987

ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА

Во 2004 година започна со изградба на фабриката за вода и сокови.

2004

ДИСТРИБУЦИЈА

Во 2005 година, Кодинг започна со производство и дистрибуција на Горска вода. Производниот погон се наоѓа во непосредна близина на изворите, во селото Конопиште во околината на градот Кавадарци.

2005

Врвен квалитет

Со својот извонредно урамнотежен и стабилен минерален состав, Горска Вода се наоѓа на врвот на високо квалитетни нискоминерални води.

Изворска вода

Изворот Трнскот се наоѓа во една од најчистите еколошко незагадени средини на Балканот на 1100 метри надморска височина на планината Кожуф.

Процес на полнење

Целокупниот процес на полнење на ГОРСКА вода се одвива според “Ultra clean” технологија за производство на пакувана вода.

Сертификати

Одговорно тврдиме дека Горска Вода е првиот македонски бренд кој ги постави стандардите за производство и продажба на пакувана вода.

Најпознат бренд според потрошувачите

„Горска Вода” е препознаена како најпознат бренд според потрошувачите во Македонија во категоријата Негазирана Вода за 2022/23 година. Истражувањето е спроведено во Ноември 2022 од страна на агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Ова признание е потврда за квалитетот на производите и успехот зад долгогодишната работа на компанијата ГОРСКА ДООЕЛ, како број 1 компанија на пазарот за природна минерална негазирана вода.

Тестирање и редовна контрола

Горска вода е тестирана според директивата 98/83/EC во врска со директивите 2009/54/EC и 2003/40/EC на Европскиот парламент и совет од 18 јуни 2009 и 16 мај 2003. Хемиските и микробиолошките анализи се извршени од SGS INSTITUTE FRESENIUS од Германија. ГОРСКА вода е единствената изворска вода во Македонија која подлежи на редовна контрола од страна на водечкиот европски институт “SGS INSTITUT FRESENIUS” од Германија.

Следење на квалитет

Во својот производен погон, ГОРСКА поседува најсовремена лабораторија (микробиолошка, физичкохемиска, биохемиска), каде континуирано се следи квалитетот на водата. Редовни контролни испитувања врши и „ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Меѓународен сертификат „ISO 22000“

ГОРСКА вода е меѓу првите производители на природна минерална вода и безалкохолни пијалaци во Македонија која го доби и меѓународниот сертификат „ISO 22000“ од реноминираното сертификационо тело „BSI“ (BRITISH STANDARD INSTITUTE).

Меѓународен сертификат „ISO 14001:2004“

ГОРСКА се сертифицираше со „ISO 14001:2004“ како потврда за работа на еколошки менаџмент систем.

Меѓународна ѕвезда за квалитет

Компанијата КОДИНГ ГОРСКА, во септември 2013 година, ја доби наградата Меѓународна ѕвезда за квалитет, која според Интернационалната Конвенција во Женева е првата компанија во Македонија која ја добила оваа награда во Платинум категорија.

Меѓународна круна за квалитет

Врз основа на прописите на „Меѓународната круна за квалитет“ (International Quality Crown) и критериумите на „Моделот за целосно раководење со квалитет QC100“ (QC100 Total Quality Management Model), компанијата КОДИНГ е одбрана во Лондон во ноември 2012 година, да ја прими наградата „Меѓународна круна за квалитет“ (International Quality Crown) во Златната категорија.

Македонски супербренд

ГОРСКА вода е прогласена за МАКЕДОНСКИ СУПЕРБРЕНД. Оваа титула е уште една потврда за нејзинот единствен вкус, врвен квалитет и препознатливост на пазарот. Со постојано инвестирање во технологијата, подобрување на квалитетот на услугата, ширење на дистрибутивната мрежа, ГОРСКА вода и ГОРА се прогласуваат за Супербрендови за 2011/2012 година.

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Купи Горска   

Vendor Logo